Излезе официјалното најавно видео за продолжението на „Сексот и градот“
•
13 ноември 2021
Деветти декември е датумот кога „HBO Max“ веројатно ќе биде „срушен“, бидејќи армија обожаватели со нетрпение го очекуваат продолжението на серијата „Сексот и градот“ насловено како „And just like that...“.
Публиката досега имаше можност да ѕирне во специјалните епизоди преку фотографии од сетовите, инсерти, модни комбинации, но сега конечно пристигна и официјалниот „тизер“, кој открива нови ликови и сегменти. Погледнете и заокружете си го 9 декември :).