Изложба: Модната галерија на Изабел Блоу

20 ноември 2013

Ексцентричниот гардеробер на Изабел Блоу денеска ги отвора вратите на изложбата во Somerset House во Лондон каде ќе бидат поставени авангардните парчиња на Блоу која почина во 2007 година.

Оригиналните парчиња сега се во сопственост на познатата колекционерка Дафне Гинис, која воедно беше и блиска пријателка со Изабел и која се одлучи да ги купи за да го спречи нивното продавање преку аукција на аукциската куќа Кристи.

Изабел Блоу Изабел Блоу

„Сосема е природна потребата оваа уметност која Изабел и тоа како знаеше да ја носи на себе, да бидат поставени на изложба. Чувствувам дека и таа би го сакала истото“, вели колекционерката Гинис.

Модната колекционерка и стилска икона, Дафне Гинис Модната колекционерка и стилска икона, Дафне Гинис

На поставката која ќе трае до втори март, ќе бидат изложени повеќе од 100 уникатни парчиња облека и аксесоари.

I

Објавено:
20 ноември 2013
Категорија: 
Актуел