Изложба на модни фотографии во Штип

16 февруари 2016

Љубителите на модната фотографија, овој петок ќе имаат можност да присуствуваат на првата самостојна изложба на фотографии на Благој Китановски, во „Дом на млади“, Штип со почеток од 20 часот.

Китановски е студент на  Технолошко- техничкиот факултет при УГД - отсек Текстил, дизајн и менаџмент и воедно фотограф за студентското списание. Фотографиите се црно - бели, минимални и едноставни, а работени со пет модели: Јетон, Наталија, Деан, Ана и Христијан.

 

Од презимињата на моделите пак, доаѓа и името IKBKG (Исуфи, Крстова, Бутевски, Китановски, Ѓорѓева), под кое се води и модниот блог на овие млади, каде веќе може да се погледне дел од она што ќе биде изложено.

Па, штипјани и сите останати што се во можност в петок да се најдат во градот под Исарот, со присуството ќе ја искажат и својата поддршка на младите кои, како велат, ќе се потрудат да не се заборави класиката. 

 

 

Објавено:
16 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
498 пати