Изложба на отворено едноставно насловена „Арт Ограда“

21 октомври 2014

На само еден ден пред почетокот на десеттото издание, Моден викенд Скопје во соработка со Општина Карпош, утре (22-ри октомври), во 11 часот ќе отвори изложба на отворено, наречена „Арт Ограда“. Изложбата ќе биде составена од фотографии од најновите креации на дизајнерите – учесници на претстојниот Моден викенд.


Изложбата на отворено ќе може да се погледне веќе од утре па се до 22-ри  ноември 2014 година, на надворешната ограда на објектот „Државен архив на Република Македонија“ во општината Карпош.

Фотографиите се направени на осум локации во општината, а во улога на модели се познатите македонски актерки Дарја Ризова и Ивана Павлаковиќ, победничката на првото издание на „Танц со ѕвездите“ во Македонија – Јована Василева ,како и манекенките од модната агенција „Подиум“: Моника Илиевска, Рене Вајт, Јорданка Михајловиќ и Фаниа Гиачо. За изгледот на девојките се погрижи Авон во соработка со тимот на „Академија Леонтиќ “ и „Бубе Студио Ин.

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Актуел