Изненадување на Модната недела во Париз: Никол Кидман се појави како модел на ревијата на Баленсијага

6 јули 2022

Познати дами предводени од Никол Кидман, Бела Хадид, Наоми Кембел, Дуа Липа и Ким Кардашијан се појавија како модели на модното шоу на Баленсијага во рамки на актуелната Недела на Висока мода во Париз.

Првите фотографии беа објавени на Инстаграм профилите на публиката присутна на шоуто, на кои Кидман носи волумензона сребрена креација и црни ракавици во стилот на стариот холивудски гламур.

Покрај Никол, на писта продефилира и Ким Кардашијан, облечена во црна макси креација со длабоко срцевидно деколте и драматични црни ракавици. Овојпат за разлика од нејзиното појавување на минатогодишната Мет гала, беше без маска на лицето.

 Претходно Кидман беше забележана на фитинг на луксузната модна куќа, каде се појави со неконвенционални, масивни очила за сонце, кои делуваа како маска на нејзиното лице, па се претпоставуваше дека 55-годишната актерка можеби ќе ја видиме на писта и како модел.

Претпоставките се покажаа како точни.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Hamish Bowles (@hamishbowles)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by You And I Magazine (@youandimag)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue Italia (@vogueitalia)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue Polska (@vogue.polska)

Објавено:
6 јули 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
344 пати