Ја споредуваат со Лејди Ди: Оваа девојка ја обожува естетиката на 70-тите и живее така

3 јуни 2021

Роуз Ван Ријн е една од многуте девојки кои имаат Тик Ток и Инстаграм профил. Но, сепак од толпата успеа да се издвои благодарение на тоа што личи на Лејди Ди.

Имено, минатиот месец, таа направи реплика на една од фризурите на принцезата Дајана, а нејзиното тик-ток видео стана вирално, со преку девет милиони прегледи во тоа време.

Покрај тоа, Роуз е вљубеничка во естетиката на 70-тите.

Пред 5 години случајно налетала на плоча од „Абба“ и веднаш се вљубила во облеката од оваа револуционерна декада.

Оттогаш одлучува да се облекува така, па сите нејзини комбинации се реплика на тоа време.

Некој би рекол „лудо“, но и 70-тите беа „луди“, а Роуз вели дека се чувствува среќна кога носи облека и изгледа како дојдена од минатото.

Погледнете:

 

Објавено:
3 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
746 пати