Јакните од твид ќе внесат доза елеганција во вашата есенска гардероба

17 октомври 2022

Заштитен знак на модната куќа Шанел, неоспорлив симбол за класика и неодолива елеганција. Можеби веќе претпоставивте, станува збор за кратките јакни од твид, кои и ден денес пленат со својот винтиџ изглед.

Класичната јакна од твид беше и помеѓу омилените парчиња облека на Лејди Ди, пред таа комплетно да престане да носи Шанел по разделбата со сегашниот крал Чарлс.

Фото: wwd.com

Неодамна принцезата Кејт Мидлтон се појави во Лондон на 10-годишнината од Coach Core, во присуство на нејзизниот сопруг принцот Вилијам, облечена во сина винтиџ Шанел јакна од 1995-та година.

Фото: elle.com

Фото: wmagazine.com

Фото: elle.com

Овој конкретен моден на јакна од твид беше претставен од Клаудија Шифер на модната писта во тоа време.

Фото: wwd.com

Па не е ни чудо што ова парче облека, со својата богата историја и класичен статус, во последно време станува повторен центар на вниманието, тема на модни критики и сè позачестена појава во локалните бутици.

Не постои сомнеж дека јакните од твид ќе внесат силна доза елеганција во вашата гардероба. Тие имаат моќ да ја трансформираат секоја модна комбинација, да внесат класична енергија, со што стануваат одлична опција за формални и свечени прилики.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Одлично изгледаат во комбинација со елегантни топови, блузи, плетени џемпери, кошули, како и со соодветни здолништа од твид и класични панталони.

За изглед кој го балансира формалното и лежерното пак, твид јакната изгледа одлично во спој со едноставна памучна маичка, фармерки, па дури и дуксери без качучки.

Фото: Pinterest

Во прилог ви претставуваме неколку инспиративни примери за тоа како да ја носите вашата омилена твид јакна оваа есен.

Фото: Pinterest

Објавено:
17 октомври 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.156 пати