Јануарски Вог ги сумира дизајнерските колекции за пролет-лето 2014
•
2 јануари 2014
Италијанското издание на Вог за јануари ги сумираше највпечатливите дизајнерски парчиња од колекциите за пролетно-летната сезона во ексклузивен едиторијал кој го фотографираше Стивен Меисел. За потребите на едиторијалот беа ангажирани дури 17 модели, а комбинациите ги стилизираше Карл Темплер. Меѓу познатите брендови кои учествууваат во премиерниот едиторијал на магазинот за 2014 се и: Долче и Габана, Валентино, Луј Витон, Александар Меквин и други.