Јована Нешова на изборот Look of the Year на Сицилија

12 септември 2015

Модната агенција Моделс ИН повторно во соработка со Model Scouting Office имаат свој претставник на големото финале за модели што се одржува во Таормина –Сицилија.

Оваа година еден од најстарите и најпрестижните избори за ново лице во модната индустрија или планетарно познат како The Look of the Year, како претставник на нашата земја ја има Јована Нешова.

„Девојката која поседува харизма, убавина и секако карактер на врвен модел беше нашиот избор“,велат од нејзината матична агенција Моделс Ин.

Покрај моделингот, Јована е посветена на своите студии по бизнис-логистика на Универзитетот „Гоце Делчев“, а физичката активност и џогингот се дел од нејзиното секојдневие.

Минатата година претставник за Македонија беше Наталија Стојаноска која потпиша ексклузивен договор со менаџерката Јелена Ивановиќ и нејзината агенција Мodel Scouting Office.

Токму на овој избор на ниво на поранешна Југославија победи нашиот топ модел Надица Ѓеоргиева која веднаш потоа склучи договор со австриска модна агенција под водство на менаџерот Волфганг Шварц.

Јована се натпреварува со девојки од над 50 земји од светот кои се надеваат да бидат новото модно лице за 2015 година.

Објавено:
12 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.084 пати