Јунската насловна на италијанскиот „Вог“ ја красат модни цртежи од деца

10 јуни 2020

Италијанското издание на „Вог“ за месец јуни направи несекојдневна насловна. Имено, тимот претходно објави конкурс за деца од 2 до 10 години ширум светот, да нацртаат своја верзија, односно да ја реинтерпретираат предесенската колекција за Шанел за 19/20, која беше презентирана минатиот декември во  „Grand Palais“ во Париз.

Таџио, 6 години, Париз

Виолета, 5 години, Милано

Камила, 2 години, Дакар

Џорџо, 10 години, Парма

Со наслов „Новиот свет“, дечињата ги праќаа своите цртежи кои се направени во период на изолација. Освен оние од „Шанел“ за насловна страна, магазинот објави и други цртежи, инспирирани од колекции на „Алберта Ферети“, „Барбери“, „Александар Меквин“.

Нори, 5 години, Амстердам

Пијетро, 6 години, Милано

Ракел, 5 години, Болоња

Томас, 4 години, Њујорк

Целата галерија можете да ја погледнете на линкот кој води до веб страната на Вог-Италија.

Објавено:
10 јуни 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
327 пати