JW Anderson во нови победи со нов одличен извршен директор

3 јуни 2014

JW Anderson го назначи првиот извршен директор на својот моден бренд, а од денеска, негов партнер во „модните злосторства“ ќе биде одличниот и креативен Сајмон Вајтхаус.

Во своето портфолио, Сајмон досега може да се пофали со значајни позиции во модни брендови како Дизел и Метју Вилијамсон, каде заврши одлична работа.

Токму Сајмон, ќе му помага на креативниот Џонатан Вилијам Андерсон во подготовката на дизајните, но и во продажбата на парчињата од брендот.

„Сакав тоа да биде некој кој што има добра позадина во продажба и некој што ќе ги разбере потребите на малиот бизнис и секако, младиот тим. Начинот на кој Сајмон зборуваше, ме натера да му верувам и да му ја доверам работата“, вели Андерсон.

Истовремено, JW Anderson подоготвуваат модно шоу за паметење, но и посебна веб страна каде сите нивни обожаватели ќе можат онлајн да си нарачаат дел од парчињата на брендот.

„Мислам дека сите се повеќе возбудени за веб страната, отколку за модното шоу што се подготвува. Всушност, сметам дека тоа е одлично бидејќи шоуто ќе го погледнат малку луѓе, но страната ќе биде достапна за целиот свет. Сакам мојата сестра која што живее во Северна Ирска да знае што имаме ново, но тоа да го дознае преку веб страната, а не преку различни магазини и интервјуа, бидејќи на тој начин ќе можеме повеќе да се доближиме до нашите клиенти“, вели Андерсон.

Објавено:
3 јуни 2014
Категорија: 
Актуел