Кајли Џенер е првата жена со преку 300 милиони инстаграм следбеници

14 јануари 2022

Тоа што не беше многу актуелна на Инстаграм последниве месеци, изгледа не претставуваше никаков проблем за луѓето да го заследат нејзиниот профил.

Кајли Џенер од неодамна е најпопуларната жена на оваа социјална мрежа, со повеќе од 300 милиони следбеници.

Со ваков податок таа е првата жена и втората личност воопшто на која тоа ѝ успеало. Пред неа е само фудбалерот Кристијано Роналдо, кој има 388 милиони следбеници.

Инаку, затишјето на социјалните мрежи е поттикнато од трагедијата која се случи на музичкиот фестивал во Хјусон пред два месеца, во организација на Тревис Скот, таткото на нејзиното дете, а во која животот го изгубија десет луѓе, а стотици се повредени. 

Оттогаш, Џенер е послабо активна на Инстаграм. Сепак, неодамна објави фотографија со трудничко стомаче, па со тоа соопшти дека таа и Тревис го очекуваат нивнотот второ дете.

 

За потсетување, Кајли има 24 години, сопственичка е на брендот „Кајли Козметикс“, во 2020 година се најде на врвот на листата на ѕвезди со најголема заработувачка - 590 милиони долари. Во 2018 година „Форбс“ ја прогласи и за најмладата жена милијардер, по што следеа многу контраверзи. 

И иако веројатно ќе си помисливте дека Ким е најпопуларната во семејството Кардашијан- Џенер и воедно најбогата, сепак овие податоци говорат дека Кајли е доминантна, но сепак и за ова може да ѝ заблагодари на својата полусетра, која е четврта на листата најпопуларни жени на Инстаграм со 278 милиони следбеници.

 

Објавено:
14 јануари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
231 пати