Како изгледа улична мода со слободен дух – одговорот го имаат улиците на Токио

16 октомври 2020

Токио е универзум сам за себе, во секој поглед. Од таквиот впечаток не е исклучена и тамошната улична мода. Еклектична, своја, карактерна и таква нема да видите на ниту една друга улица низ светските метрополи.

Тука трендовите се во сенка на индивидуалноста.

Веројатно повеќето од вас можеби и нема да се пронајдат во стилот од фотографиите во продолжение, а од актуелната улична мода во Токио, но токму тоа е и поентата: стилот е личен и нема потреба да кокетира со тоа што другите го одобруваат или не.

Од друга страна пак, исто така сме убедени дека ќе ве фасцинира храброста со која протагонистите од Токио пристапуваат кон она што подразбира модно изразување.

Не постојат правила, само личен инстинкт и сензибилитет.

Од модна перспектива, вака деновиве изгледаат улиците во Токио.

 

 

Објавено:
16 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
699 пати