Како да имате гради како Кајли Џенер?

17 септември 2015

Најновата информација поради која Кајли Џенер го привлече вниманието на јавноста и сега сите зборуваат со тоа, е тајната на нејзините гради. Таа на нејзината нова апликација односно нов веб сајт, откри дека бујноста на нејзините гради не се должи на пластичната хирургија туку на градник со Push up, и тоа не било кој, туку модел на брендот Victoria’s Secret, Bombshell Bra.

Во потрага по вистинитоста на оваа изјава, магазинот „Космополитен“ одлучи да повика шест обични жени, со различна големина на гради да го пробаат овој градник. Резултатите се во продолжение:

1. големина 32 - А

1.Веќе долго време се откажав од изразено деколте, но морам да признам дека линијата помеѓу моите гради ме прави да се чувствувам поженствено. Но, исто така, морам да кажам дека се чувствувам како да имам цело пакетче грицки во моите гради. Градите и кожата ми се толку поткренати, што морам да проверувам дали брадавиците ми се покриени. Вредни ли се поткренати гради за постојаната нелагодност? Не знам.

2. големина 34 - А

2. Ги сакам моите мали гради, токму такви какви што се, но беше забавно да се види колку големи станаа. Не можев да поверувам какво деколте добив, бидејќи претходно немав никаква „линија“ помеѓу градите.

3. големина 36 - А

3.Со оглед дека речиси и да немам гради, отксекогаш сум носела корпа со големина А. Па кога се вклучив во овој експеримент, не очекував дека ќе се случат чуда, со оглед дека немам ни гради за поткренување. Но, овој градник дефинитивно прави да изгледа како да ги имам и ми ја крева самодовербата. Исто така, импресионирана сум од природниот изглед на деколтето. Но, во секој случај  мислам дека е премногу за секојдневна употреба, додека пак за некои фенси или свечени пригоди е совршен. Корпата е таква да изгледа како да носам Ц, а не А.

4. големина 34 - Б

4.Несомнено го подобрува волуменот на градите, но мислам дека push up-от е премногу голем, па се чувствувам како да имам софа на градите. Ако ова е потребно за да изгледам како Кајли, тогаш ќе го прескокнам.

5. големина 32 - Ц

5.Најчесто носам обични градници, без никакви ефекти и никогаш не сум размислувала за растојанието помеѓу моите гради, а тоа е веројатно поради фактот дека никогаш и не сум го ни имала. Пред да го пробам градникот, бев скептик и мислев дека разликата нема да биде значајна, но го потценив. Иако ми се допаѓа како ми изгледаат градите и како градникот ги држи, сепак мислам дека push-up делот е премногу голем. Се чувствувам малку заробено.

6. големина 34 - Д

6.Јас веќе имам големи гради и никогаш не сум имала потреба од такви градници. Но, бев заинтригирана, чисто ради забава. Како што и претпоставив, градникот беше преполн. Ова е забавна опција за градник ако некогаш сакам да изгледам безобразно или провокативно, да не речам и по малку евтино. Можеби морате да бидете Кајли Џенер за да носите вакво деколте секојдневниот живот.

Објавено:
17 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.716 пати