Како децата реагираат на фотографиите на новата Кејтлин Џенер?

12 јуни 2015

Тимот на интернет сајтот She Knows направи одлично видео во кое е снимена реакцијата на група деца на кои им покажуваат фотографијата од Кејтлин Џенер, но и фотографија од тоа како таа изгледала претходно.

Она што е неверојатно во целото видео, се одговорите на децата кои реагираат на ситуацијата како возрасни и даваат навистина длабоки мислења на темата.

На самиот почеток на видеото, тимот на сајтот на децата им покажува фотографија од Брус Џенер, а првото нешто што тие го коментираат е дека на фотографијата гледаат убав човек со силни раце, а веднаш потоа, ја гледаат и фотографијата од Кејтлин Џенер.

Речиси сите деца ќе кажат дека на фотографијата гледаат прекрасна жена, која изгледа смирено, самоуверено, среќно и сосема на крајот, гледаат една одоговорна жена која знае што прави во животот.

Она што е особено важно, е тоа што на крајот на видеото кога децата ќе дознаат дека станува збор за истата личност и кога ќе почнат да ги читаат негативните коментари за промената на Брус во жена, ги даваат можеби најважните совети и мисли што некогаш сте ги слушнале во животот.

„Мислам дека луѓето се плашат од промени и сакаат сѐ да остане по старо, бидејќи тие не знаат како да ги издржат, и како да се справат со промените“, вели едно од децата во видеото, додавајќи дека најважно од сѐ е да секој да биде свој, бидејќи ако не си свој, тогаш кој си ти!?

Погледнете го целосното видео во продолжение.

&feature=youtu.be

Објавено:
12 јуни 2015
Категорија: 
Актуел