Како две жени од 43 и 50 години одржаа лекција за изглед, енергија, политика и моќ

4 февруари 2020

Реакциите по шоуто на Шакира и Џенифер Лопез не стивнуваат и неколку дена потоа. „Њујорк Тајмс“ им посвети повеќе текстови, а еден од нив почна со реченицата дека за годините на жените не сме биле толку возбудени од кога дознавме дека девојката на Кијану Ривс има 46 години и седа коса.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ME Nesser (@marylizness) onFeb 4, 2020 at 3:56am PST

И веројатно се во право. Таа се најде на удар на критики дека изгледа премногу „старо“ за годините, а двете латино диви го потенцираа дека годините не ни ја одредуваат физичката состојба, енергијата, животот, освен ако самите не го дозволиме тоа.

Шакира на денот на „Супер боул“ наполни 43. години. Ќе изјави дека не можела да замисли поубав роденденски подарок од тоа да ѝ се оствари сонот што го сонува веќе цела деценија - настап на најголемиот спортски настан, кој во живо го следеа преку 60.000 луѓе, а уште 100 милиони преку малите екрани и онлајн преноси.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira) onFeb 3, 2020 at 5:08pm PST

Таа се појави во креации кои специјално за неа ги дизајнираше Питер Дандас. Едноставна, а сепак толку моќна, Шакира покажа дека и на 43. години нејзините колкови совршено се движат, а кондицијата е на фантастично ниво.

Тренерот на Шакира, Ана Кајсер со која работи 10 години веќе, вели дека за големото шоу се подготвувала практикувајќи кардио вежби во комбинација со танц. Вежба 4 до 5 пати неделно, а во меѓувреме има и посебни проби со танчарите, што знаат да бидат истошувачки. Но, енергијата ја одржува благодарение на мали оброци, но повеќе пати во денот. Има главни оброци и ужини и сето тоа е храна која обезбедува природен внес на протеини и влакна, не суплементи. 

За сето ова придонесува постојаното вежбање, но и недели интензивна подготовка. Дел од тие моменти пејачката сподели и на социјалните мрежи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira) onFeb 2, 2020 at 1:17pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira) onJan 31, 2020 at 2:57pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira) onJan 27, 2020 at 1:43pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira) onJan 23, 2020 at 12:02pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira) onJan 16, 2020 at 2:58pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira) onNov 22, 2019 at 2:28pm PST

Лопез пак покажа како изгледаат новите 50-ти. Во настапот имплементираше чекори и танц кој го научи благодарение на улогата во филмот „Hustlers“, паралелно пеејќи и пресоблекувајќи се.

 Костимите за неа и 130-те танчери кои ја придружуваа на сцената ги изработи модната куќа „Версаче“. Како споделија на социјалните мрежи, црниот кожен комбинез бил изработуван 900 часа, додека транспарентниот „огледало“ комбинезон 700 часа, а двата биле украсени со рачно шиени преку 75.000 Сваровски кристали.

На својот Инстаграм профил Џеј Ло покажа дел од вежбите, кои бараат интензивна подготовка, која започнала од септември месец.

Таа се придржувала и на диета, која подразбира доволен внес на вода, протеини и зеленчук, со што го зголемува бенефитот од внесените продукти на максимум, а воспалението на мускулите поминува побрзо. Стомачни мускули, клекнувања, исчекори, кревање тежини, вежби за задник се само дел од вежбите што ги практикува. Внесот на шеќери е минимален.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onFeb 2, 2020 at 10:33pm PST

Ретко се случува јавноста да биде речиси едногласна дека настапот на овие две фантастични и енергични жени бил одличен.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onFeb 1, 2020 at 12:02pm PST

 Сепак, во морето воодушевувања, се појавија и тие кои нивниот настап го доживеаја како срам и вулгарност, кој не можеле да го следат со децата бидејќи доминирале „колкови, шипки и провокативен танц“, па оттаму и срамен за жените.

И додека од една страна се слават слободата на жената, нивното право на избор, еманципација и еволуција, од друга има и такви кои се за тоа да се има права, но да не се претерува, бидејќи е „срамно“. Лицемерноста се проткајува во секое општество, па дури и она што важи за „најдемократско“.

Нивните костими беа сценски, а настапите осмислени до најситен детаљ. Ништо не беше препуштено на случајноста.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onJan 26, 2020 at 7:22am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onJan 23, 2020 at 1:00pm PST

Тие две беа мошне свесни за позицијата во која се наоѓаат и ја искористија максимално.

Покажаа дека навистина се моќни, покажаа дека се вистински жени, храбри и успешни. Не стравуваа да покажат и политички став. Целиот настап беше комунициран и на шпански и на англиски. Џенифер Лопез излезе со Порториканско знаме, со што гордо изјави дека потекнува од земјата која е американска колонија и која често е маргинлизирана, но не помалку важна според Џеј Ло.

Овие две жени направија за нивните заедници многу повеќе од било кој политичар.

Воедно, беа и инспирација. Погледнете само колку деца има и млади луѓе учествуваа во нивните настапи. Од различни култури, националности, раса... А покрај сè јасно порачаа дека им се обраќаат на малите девојчиња со порака да не се лишуваат од големи сништа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Will Roy (@the.fit.advocate) onFeb 4, 2020 at 3:50am PST

 „Никој не веруваше дека една мала  девојка од Баранкиља ќе успее и ќе пее на најголемото спортско шоу, па еве ме. Јас сум доказ дека не треба да престанете да сонувате и да си поставувате големи цели“, изјави 43-годишната Колумбијка.

За нивната моќ говорат и податоците дека продажбата на овој настап на дигиталните платформи била зголемена за преку 1000 пати. Така, миксот од песните е продаден повеќе од 16.000 пати за еден ден. Песната „Whenever, Wherever“ на Шакира е продадена речиси 4.000 пати, а после неа е „Hips don't lie“ речиси 2.000 пати.

Џеј Ло сними реклама и за „Хард Рок“ хотелот во рамки на стадионот каде што и се одржуваше спортскиот спектакл.

Нивниот настап за два дена на официјалниот јутјуб канал на настанот има речиси 64 милиони прегледи. Настапот на Бијонсе од пред три години кога го изведе настапот „Formation“ со политичка порака досега е прегледан речиси 82 милиони пати, што значи дека настапот на латино дивите има силна тенденција да ги надмине тие бројки.

А кога сме кај Бијонсе, таа успеа да го сврти вниманието кон себе и семејството, со тоа што ниту таа, ниту нејзиниот сопруг и ќеркичката Блу Ајви не станаа за време на изведбата на американската химна, што кај твитер заедницата предизвика бурни реакции, потенцирајќи го ваквиот чекор на двојката како срамен.

Лопез објави како изгледале и последните минути пред да излезе на сцената. Од него јасно се гледа дека и покрај огромното искуство тремата е присутна, но исто јасно е видливо и количеството на самодоверба со кое пристапува.

Шакира пак, и на конференцијата за јавност и на настапот покажа природност, едноставност, младешки изглед и енергија на кои не можете да останете рамнодушни.

Кулминацијата се случи на крајот, кога овие две мега ѕвезди ги споија своите енергии.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Afro Latin Fest Abu Dhabi (@afrolatinfest) onFeb 4, 2020 at 4:46am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Liz Canelones (@orbesaludglobal) onFeb 4, 2020 at 4:40am PST

 

„Што е овој настап ако не славење на жената?“, се најчестите заклучоци во странските медиуми од овој заеднички настап.

Што мислите вие?

Објавено:
4 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
19.421 пати