Како е да си во 30-тите?

20 август 2015

Бидејќи во септемврискиот број на Elle сè е во знакот на 30-ката, тимот на магазинот обедини во фото-сесија неколку успешни жени кои се токму во 30-тите години од животот.

Сите успешни во својата професија и реализирани, потенцираат дека 30-тите не се повеќе „краен рок“, туку почеток. Како изгледа една модерна жена во овие години? Кон што се стреми? Што сака?

Во продолжение прочитајте за што рекоа познатите жени на темава, за што мечтаеле, се стремеле, постигнале, што сакаат и што за нив претставуваа оваа декада од животот:

 Линдзи Вон,Грејс Џилеј, Камира Блекет

Линдзи Вон (31) – една од најуспешните американски скијачки

-Сонував за Олимпијада уште кога имав девет години. Мајка ми сликаше и на сликите го потпишуваше моето име, до кое стоеше – „Најуспешната скијачка на сите времиња“ – вели Вон, но нејзиниот сон до 30-тата веќе стана реалност.

Грејс Џилеј (31), актерка (Empire)

-Ова беше моја година, година на самореалзирање. Почнав да обрнувам внимание на тоа што телото, духот и мозокот ми го кажуваат за мојот живот, личност и кариера.

Емили Вајс (30), основач на IntoTheGloss.com и Glossier

-Чувствувам, како што го достигнувам новото ниво на одговорност, сè повеќе се грижам и за физичката подготвеност, за што претходно не сум се грижела. Порано се сметав за неуредна, а сега си велам, „Веќе сум возрасна, морам така и да се однесувам“.

Емили Вајс, Лорен Буш и Тејлор Шилинг

Лорен Буш (31), Филантроп

-Дваесетите доаѓаат со големи сомнежи во себе и нервоза поради големите животни прашања: „Што ќе правиш со својата кариера? Со какво момче ќе завршам? Каде ќе живеам?“. Во 30-тите се познаваш подобро.

Тејлор Шилинг (31), актерка (Orange is the New Black)

-Нашата ексцентричност и уникатност е многу вредна и тоа е она што јас го барам во ликовите. И ако можам да направам простор за било кој, да го напушти театарот или да го изгаси компјутерот и да се чувствува малку поудобно со самиот себе, тогаш тоа е она за што се интересирам.

Ана Кендирк и Обри Плаза Ана Кендрик (30), актерка

-Добив ужасен совет кога бев навистина млада, а се однесуваше на тоа да немам резервен план. Така ја имав таа способност да се фокусирам. Никогаш не размислував да правам нешто друго. Кога се подготвував да настапам на Оскарите, отрчав кај Џејмс Коред и му кажав колку сум нервоза, а тој ми рече: „Мора да уживаш во самата сабе, бидејќи 13-годишната во тебе ќе те удри, ако не уживаш“. Се трудам тоа секогаш да го имам на ум.

Обри Плаза (31), актерка

-Кога ќе имам 60 години, ќе се забавувам во мојот пентахаус, кој ќе гледа на Central Park, со 10 внуци и неколку Тони награди. Сакам да имам ЕГОТ (Еми, Греми, Оскар, Тони). Тоа ме тера да целам високо. Го сакам она што го имаше Вупи Голдберг. Ана (Кендрик) сонуваме за тоа да имаме свој ситком „Златните девојки“ (Goleden Girls), кога ќе остариме.

Елизабет Холмс (31), основач и директор на Theranos, најмладиот женски милијардер, со сопствена заработувачка

-Секогаш ме интересираше технологијата. Кога бев многу млада, осмислував дизајни за машини, а моите родители  сериозно ќе ме воведоа во разговор за процесот на развивање, па кога дојде моментот да почнам да се занимавам со тоа, имав вродено верување дека ќе успеам, што е многу важно. Ја основав мојата прва компанија кога бев во средно училиште. И пред тоа бев заинтересирана за создавање компанија, бидејќи гледав на тоа како можност да направам разлика во светот. Оттогаш, сè се врти околу тоа како да го реализирам сонот и многу напорна работа. Многу.

Елизабет Холмс

Елисон Феликс (29), атлетичарка

-Пред да застанам на линијата, си земам момент, во кој се потсетувам колку сум благодарна на сè. Кога еднаш ќе стапнам на линијата, тоа е комплетен фокус и се работи за техничка работа. Нема ова да го правам засекогаш, затоа сакам да ја искористам секоја секунда.

Криси Тиген (29), модел и блогер

-Има нешто во тоа да се биде близок и забавен, да им покажете на луѓето дека имате и хумана страна. Јас сакам да им покажам на луѓето нешто што тие не стасале да го видат.

Брит Морин (29), основач и директор на Brit+Co

За нејзината цел: „Сакам да им помогнам на жените да се чувствуваат инспирирано, за да започнат да прават работи и да ги продаваат. Тогаш ќе можат да ја напуштат работата што ја мразат и да се занимаваат со нешто уметничко“.

Елисон Феликс, Криси Тиген и Брит Морин

Наталија Анцисо (30), уметник и професор

-Не создавав Мексиканска или Латино уметност. Само цртав лица кои излгедаа како моето. На факултет, многу професори не ја сакаа мојата уметност. „Ох, тоа е народна уметност“. Но, јас успеав мојата работа да ја претворам во нешто позитивно.

Бар Рафаели (30), модел

-Се мажам и градам дом. Веројатно и ќе бидам бремена во моите 30-ти. Станувам жена во оваа декада.

Наталија Анцисо, Бар Рафаели, Кармен Карера и Мери Елизабет Винстед

Кармен Карера (30), модел и актерка

-Би сакала да можам да се вратам во средно училиште и да бидам трансродова кралица. Би сакала да бев така храбра, но морав да стекнувам искуство во светот, за да можам да ја разберам и видам мојата моќ.

Мери Елизабет Винстед (30), актерка

-Сакам да сум опкружена со луѓе што ме прават среќна и работи што ми мамат насмевка. Не знаете што животот може да ви донесе.

Америка Ферера

Америка Ферера (31), актерка

-Интересно е тоа што, 30-тите се години во кои што отсекогаш сум сакала да бидам. Не се радував на тоа што ќе наполнам 16 или 21 година, па дури ни 25. Сакав 30. Претпоставив дека тогаш ќе бидам комплетно формирана како личност, ќе ми биде удобно во мојата кожа и тело и ќе знам која сум. Како актерка, чувствував дека тогаш почнуваат да пишуваат добри работи за жените. Моите 20-ти беа одлични, но не баш лесни. Сакам да заборавам на учењето на „кривините“ и да се забавувам. Чувствувам како повеќе да се забавувам во оваа декада, отколку во претходната.

Оливија Вајлд

Оливија Вајлд (31), актерка

-Јас ги обединив годините од двата идентитета – и како жена и како актерка. Искрено, мудроста, разумноста ви дозволуваат да имате поисполнет живот. Како актерка, мислам дека е одлично кога си премногу стар да играш глупав. 

Објавено:
20 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.687 пати