Error message

Како изгледаа подготовките за црвениот килим на Манаки во ателјето на Елена Лука

23 септември 2013

Драгана Левенска изгледаше отмено во тоалета на Елена Лука, токму како што му прилега на еден настан од ваков ранг.

 

Манифестацијата Браќа Манаки која сигурно беше една од најактуелните периодов, е ретка прилика кога нашите познати личности имаат можност пред очите на јавноста да се појават во своето најгламурозно издание.

Една од највпечатливите актерки која помина на црвениот килим и го привлече вниманието на објективите и присутната публика, беше младата Драгана Левенска облечена во отмена тоалета на македонскиот моден бренд Елена Лука.

Fashionel имаше екслузивна можност да ги проследи подготовките на Драгана во ателјето на Елена Лука.

“Имав прекрасна прилика да соработувам со една млада, исклучително инспиративна актерка како Драгана Левенска, на мое огромно задоволство. Кога се работи за настан со профилот на Манаки, со должна почит направив една ексклузивна свечена тоалета, наменски за Драгана. Идејата беше да изгледа соодветно за настанот пред се, но сепак со доза на уникатност. За тоалетата  ја избрав  елегантната црна боја надополнета со колоритни кристали во горниот дел, кои мислам дека доловуваат посебен шарм во комплетниот изглед. Со оглед на тоа дека тоалетата е впечатлива сама по себе, шминката и фризурата беа дискретни, а Драгана со целата позитивна енергија која ја носи со себе, едноставно сјаеше”, задоволно коментира Елена Лука за соработката со актерката.

На соработката не остана рамнодушна ниту Левенска, која за своето позитивно искуство не штедеше ниту зборови, ниту импресии:

-Соработката со Елена Лука се случи многу случајно и спонтано . На мое големо задоволство . Искуството , со неа и целиот тим , беше навистина прекрасно , уживав во нејзиниот салон , кој е преполн со многу топлина и убавина . Елена е пред се една многу срдечна жена , која е многу точна и прецизна во својата работа , ја познава точната доза на крунисување на една креација кај секоја жена , девојка . Ме воодушеви нејзиниот одговорен пристап кон својата работа , пред се нејзината искреност, со цело свое внимание го работеше мојот стајлинг беше секогаш присутна и не пропушташе ништо да и помине незаблежано Пробував разни , фустани модели , рагледувавме разни креации , ова да , ова не ...косата пуштена , не фатена , обетки , црвени , плави, розеви ...беше забавно , уживав . И на крај , стигнавме до еден отмен , дамски елегантен стил , кој и наликува на мене . Целиот нејзин тим , го следеше мојот сензибилитет , мојот стил ...оној ретро стил кој јас го носам и го обожувам , тоа е дел од мене , тоа е таа нишка која што ме спојува со мојата нераскинлива врска театарот . Со Елена Лука, не се раководевме на тоа , да привлечам внимание , да бидам различна , туку напротив ...се трудевме тоа да има концепт , содржина , да се направи една мала трансформација , а сепак да биде произлезена од мојот карактер .

Уметничкиот стил, готиката, барокот се мојата пасија и слабост, а тоа се епитети кои успеав да ги најдам во дизајните на Елена Лука. Ми се допаѓаат ретро фустаните, кошулите со карнери и тоа што Елена Лука не се базира на одредени тенденции кои се актуелни во моментов. Во нејзините салони можам да најдам креации кои припаѓаат на едно време и стил, кои се класични, елегантни и секогаш модерни . Тоа таа длабочина која мене ми е особено важна. И се разбира повторно , би се замислила и облекла во некоја нејзина креација, го објасни текот на подготовките Левенска и нејзиното позитивно чувство од заедничката соработка со Елена Лука.

Во продолжение погледнете ги фотографиите со Драгана Левенска  од подготовките за Манаки, во салонот на Елена Лука.

 

Објавено:
23 септември 2013
Категорија: 
Актуел