Како изгледаат плоштадите во градовите низ Европа за Нова Година

26 ноември 2013

Стразбург, Франција

Божиќни пазари, стотици штандови, дрвени играчки, светилки, интересни украси, елки, кристали, музика... Вака  изгледаат плоштадите за Божиќ и Нова Година низ градовите во Европа. Сите градови си имаат свој белег по кои се препознатливи. Традиционален начин на промоција со примеси на модерен дизајн во поглед на декорациите. Европските градови генерално имаат неверојатна историја и затоа секој од нив има магија која на оригинален начин го доловува најубавиот период во годината, пристигнувањето и славењето на Новата Година.

Копенхаген, Данска

 Покрај стандардното украсување на плоштадите, дел од граѓаните исто така ја комбинираат својата фантазија и креативност па, своите домови и дворови ги украсуваат на што е можно поавтентичен начин. Така семејството Ричардс од Камбера, Австралија, својот дом го украсиле со неверојатни 502.165 божиќни светилки и на тој начин поставиле нов светски рекорд во поставување на рекорден број светилки на приватен имот.

украсување на куќата

 Првиот рекорд бил поставен во 2011 година кога едно семејство од Њујорк ја украсило својата куќа со 331.038 светилки.

Дејвид Ричардс вели дека почнал со украсување на својот имот уште во октомври.

„За време на училишниот распуст, земав една слободна недела од работа и после тоа работев секој викенд. Секогаш го сакав Божиќ, не само поради украсувањето, туку и посебната магија на зближување со луѓето која ја носи овој празник“, изјави Ричардс.

семејството Ричардс од Камбера, Австралија

Исто така не ја исклучува можноста дека можеби повторно ќе се впушти во уште еден ваков потфат. Во наредниве неколку дена вратата од неговата куќа ќе биде отворена за посетителите кои за да влезат треба да платат симболичен износ, кој пак, ќе биде дониран во добротворната организација за помош на децата.

Објавено:
26 ноември 2013
Категорија: 
Актуел