Како изгледаат подготовките за утрешниот старт на Skopje Design Week

30 септември 2013

Утре во автентичниот амбиент на Куршумли Ан стартува третото по ред издание на мултимедијалната креативна платформа Skopje Design Week чија примарна цел е да ја афирмира културната индустрија во регионот и да ја стимулира креативната енергија во создавањето на инвентивни бизнис идеи.

Годинешнава програма содржи еден амбициозен микс од иновативни дисциплини, почнувајќи од рачна изработка на накит и  моден дизајн,  па се до фотографија, филм, музика, театар, гастрономија, архитектура, визуелни уметности и предавања за развој на претприемачкиот дух.

Во продолжение погледнете ја работната атмосфера за време на подготовките за утрешниот почеток на настанот.

 

 

Објавено:
30 септември 2013
Категорија: 
Актуел