Како изгледаше Мадона во 1983 година?

15 ноември 2013

 

Фотографот Ричард Корман во далечната 1983 година ја сликаше Мадона на почетоците на нејзината кариера, а сликите дури сега се објавени во Њујорк на изложбата под наслов „Madonna NYC1983"

„Сега почувствував дека е вистинското време за објавување на фотографиите кога Мадона е на врвот на својата кариера“ – изјавил Ричард. Пејачката на сликите носи модни парчиња кои биле актуелни во тој период, а изгледот и е збогатен со масивен накит и впечатлива шминка.

Објавено:
15 ноември 2013
Категорија: 
Актуел