Конечно блесна и прекрасната новогодишна елка во палатата Кенсингтон, а како што сите очекуваа, истата е украсена со едноставни и елегантни украси во претежно златна боја.
Фото: Vogue/Getty Images
Фасцинантното дрво беше поставен пред централниот влез во палатата, а истото го украсија голем број работници кои завршија одлична работа.
View this post on Instagram
Во меѓувреме, во Бакингемската палата беа поставени три прекрасно украсени елки со впечатливи сијалички, црвени панделки и нормално, серија украси што потсетуваат на кралското семејство.
View this post on Instagram
Во шкотската резиденција на кралицата Елизабета пак, било поставено огромно дрво со црвени и златни украси, додека оградата покрај скалите била целосно обложена со магични сијалички, панделки и разни детали.
View this post on Instagram
Новогодишните елки за кралското семејство отсекогаш имале посебно значење. Кралицата Шарлот, сопругата на кралот Џорџ 3, ја донела првата елка во Англија во 1790 – та година како традиција од нејзината родна Германија.
Елката пред палатата Кенсигтон денеска
Во тоа време, тие украсувале тиса дрво, наместо стандардните елки што денеска ги гледаме речиси секаде.
Стандардните елки ги популаризирале кралицата Викторија и принцот Алберт, а нивните фотографии со децата околу елката датираат некаде од 1840 – тите.
Фото: The Telegraph
Ваквите украсени елки за кратко време станале популарни низ цела Британија, а нешто подоцна и во Америка, а денеска се задолжителен детал во сите домови низ светот.