Оливие Рустенг прославува една деценија во „Балман“, а тимот на модната куќа го изненади со мошне уникатен подарок.
Се работи за книга во форма на неговиот профил, исполнета со колажи, пораки, фотографии, исполнета со спомени.
View this post on Instagram
Модната куќа пак, на официјалниот Инстаграм профил сподели постер фотографија со некои од најспектакуларните моменти на Балман под водство на Рустенг во изминативе 10 години.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Иако во модната индустрија јасно се познати имињата на креативните директори, ретко која оддава вака јавно признание.
Но, „Балман“ навистина треба да му заблагодари на Оливие за вториот живот што им го подари, како што тоа Микеле го направи за „Гучи“ или Елбаз за „Ланвин“ на времето...
„Балман“ е добро позната модна куќа, но новата генерација потрошувачи за неа дозна благодарение на ерата на Рустенг. Тој ја врати од „мртвите" и токму затоа и ваквата благодарност не треба да биде за изненадување. Тие не стравуваат да го стават во центарот на вниманието - бидејќи Рустенг = Балман.
Во 2015 година остварија соработка со H&M и се приближија на street style светот.
Младиот Оливие создаде нов креативен и естетски идентитет кој никого не остава рамнодушен. Некои ќе речат дека е најдоброто од француската модна куќа, други пак дека им недостасува префинетоста од минатите ери на „Балман“, но никој нема да рече дека му е сеедно.
View this post on Instagram
Оливие не дозволува да биде игнориран - а со тоа ниту модната куќа за која работи.
Во првата колекција од 2011 година, тој свесно ги задржа препознатливите елементи на своите претходници, посегна по минатото, како што тоа често го прават новите креативни дизајнери, но покажа храброст и препознатливост, со што го најави своето доаѓање.
Веројатно, никој не можеше тогаш да претпостави колку тој ќе стане важен за оваа модна куќа, но и за модната индустрија генерално.
За неговата популарност и препознатливост е заслужен тој самиот, но и контактите кои ги остварува. Пријателството со Канје Вест се прошири и накКланот Кардашијан-Џенер. Членовите н а ова семејство секогаш можат да се видат во првите редови на неговите ревии, а потоа и бројни објави и појавувања на Ким, Крис, Кендал, Кајли...
View this post on Instagram
Тој бргу сфати дека ова е одличен начин да го промовира брендот. Мошне внимава со кој ќе ги здружи силите - Џенифер Лопез, Хејли Бибер, Малума..
Второ - социјалните мрежи. Младоста и активноста и во овој поглед, придонесоа „Балман“ од бренд пред прагот на заборавот, да стане еден од најпопуларните дури и во светот на социјалните мрежи.
Оливие го следат преку 6 милиони луѓе, а „Балман“ преку 10 милиони... Со овие бројки, Оливие е еден од најпопуларните дизајнери на социјалните мрежи, со поголеми бројки дури и од Карл Лагерфелд, односно неговиот бренд, или Стела Мекартни.
На овој начин, Рустенг донесе нова публика, со која се труди да одржи силна врска.
View this post on Instagram
И токму оттаму произлегува и ознаката #BalmainArmy, која сите љубители на брендот веднаш на прифатија. Дури и познатите модни магазини, на чело секако со „Вог“ го прифатија тој израз, користејќи го за сите оние што носат креации на „Балман“ - од Џастин Бибер, до „случајни“ минувачи на улица... Користејќи ја оваа ознака, љубителите на модата, се чувствуваат поблиску до луксузот, поблиску до модните приказни за кои мечтаат.
За десет години, овој денеска 34 годишен дизајнер, храбар, свој и препознатлив, им оддржа лекција на далеку поискусните, како можат да се спојат традицијата и современото време.
View this post on Instagram