Како помина викенд програмата на BTFW

14 април 2014

Модниот ритам што незапирливо пулсираше на Битолската модна недела и креативното „лудило“ кое владееше низ Широк Сокак, заврши вчера вечер. Викендов, на претпоследниот ден од модниот битолски маратон, Олгица Ѓоргиева ја прераскажа својата ланска приказна и пред битолската публика ја презентираше колекцијата „Ослободување“. Линијата вклучува 19 носливи модели преку кои е нагласена елегантната женствена силуета.

Олгица Ѓоргиева Олгица Ѓоргиева

„За Битола сум емотивно врзана, со оглед на фактот дека моите први ревии беа токму на битолската модна сцена и затоа учествувам секоја година. Не пропуштам. Инспирацијата за оваа колекција е ослободувањето. Тоа не значи дека секој треба да се ослободи само од лошите работи, туку напротив и од позитивните работи и сето тоа да излезе на површина. Јас се ослободив од инспирацијата што ја имав, што ми тежеше и ја претворив во нешто креативно – нова колекција“, вели дизајнерката.

АВОН АВОН

По ова завршувањето на ревијата, манифестацијата продолжи со модната ревија која што ја организираше АВОН, а можеа да земат учество сите млади и идни модни таленти. Инспирацијата беше од формата и мирисните ноти на најновиот парфем со потписот на АВОН насловен „Fleur“. Дизајнерите понудија најразлични визии кои гравитираа околу жолто-портокаловите  и црвено-виолетовите нијанси.

L-Dizajn L-Dizajn

Гламурозната ноќ беше затворена со класична ревија на тоалети и венчаници потпишани од модното студио L-Dizajn.

L-Dizajn L-Dizajn

 

Објавено:
14 април 2014
Категорија: 
Актуел