Како Салвадор Дали влијаеше врз модата?

11 мај 2022

Кога ќе се спомене надреализам во модата, една од првите асоцијации е секако Елза Скјапарели, но многумина сметаат дека ни таа немала да биде тоа што е во модниот свет да не бил Салвадор Дали.

Кога Салвадор Дали одлучил за првпат, да стави јастог на фустан, неговата цел била да привлече внимание - што и му успеало. Насликал јастог на фустан во А-крој, од свилена органза, на Елза Скјапарели. Автентичната креација ја носела Валис Симпсон, а ова парче било специјално фотографирано за „Вог“.

Модниот свет бил шокиран и во неверување, но Дали сепак не бил задоволен од фустанот, дури и бил разочаран.

Сигурно ќе се прашате зошто. Тој сметал дека фустанот не е комплетен и дека му недостасува нешто со што би ја заокружил приказната - малку мајонез!

Гледано од денешна перспектива, веројатно ова воопшто не би било голема вест. Јастогот не е веќе ништо спектакуларно - но токму поради Дали.

Само еден од примерите - за машката есенска колекција на Луј Витон за 2020, главен додаток на капутите беа „шалови“ во форма на јастог

Сензибилитетот на двајцата неприкосновани уметници Салвадор Дали и Елза Скјапарели е близок во однос на надреалистичните форми и визионерстките погледи. Скјапарели во епохата помеѓу двете светски војни била најголема конкуренција на Коко Шанел. Додека Шанел создавала едноставни кроеви во неутрална палета на бои, дизајните на Скјапарели биле гласни, експлозивни, со нагласени бои и надреалистични елементи токму како уметничките дела на Салвадор Дали.

Скјапарели фустан создаден од материјал на Дали

Не постои поскладна комбинација од онаа помеѓу Дали и Скјапарели, како креаотори од различни светови кои ги соединило вонсериско чувство за уметност. Шапката-чевел и фустанот со принтови од Дали во негова верзија на солзите се историски артефакти во двата уметнички правци.

Интересот на Дали за мода не завршил тука. Имено, сликарот посакал да биде дизајнер, па создал и костими за капење.

Во видеото во продолжение се прикажани неговите креации, а записот е насловен како „Nightmare Swimwear" (Кошмар костими за капење). Една од жените „носи" слики на очи преку нивните гради, додека другата има кукла во форма на бејзбол играч.

Експертот за делата на Дали и асистент по Модерна Историја на уметност во Вашингтон, Елиот Кинг во 2012 година изјави дека видеото е од Мај 1965 година. Дали дизајнирал необична облека за на плажа за произведувачот на облека Висконсин. Во договорот што го склучил со Џек Винтер, ангажманот вклучувал и спортска облека, што може да го објасни бејзбол играчот на рамениците на жената.

Дизајните никогаш не се пуштени во масовно производство, но „играчите" на надувување што ги дизајнирал добиле втора намена, како играчки во неговиот базен.

Објавено:
11 мај 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
352 пати