Како се подготвуваше насловната на Elle

20 август 2015

316 чевли, 76 моливи за усни, четири различни насловни страни – вака некако би изгледало подготвувањето на роденденскиот број на американскиот Elle.

Септемврискиот број на сите модни магазини е од голема важност, но за американското издание на Elle е од уште поголемо, особено бидејќи прославува 30 години постоење. За сите насловни страни е ангажирана фотографката Паола Кудацки, а лице од насловната е Кира Најтли. На сите четири. Сите тие го истакнуваат наследството на францускиот и американскиот Elle, како и да важната улога на модните додатоци и убавината во модниот идентитет. Насловните страни имаат за задача и да претстават како изгледа Elle жената на денешницата – „прекрасна кожа, цврсто тело, големи модни додатоци, волуменозна коса и колоритност“, вели модниот директор во магазинот, Самира Наср, која воедно беше задолжена да го стилизира сетот..

На насловните, Кира Најтли носи креации од Ралф Лорен и Прада, до Шанел и Loewe.

А еве како изгледа подготовката на септемвриското издание низ бројки (дел од нив):

158 чифта чевли

6232 километри пат од Њујорк до Авињон, Франција

128 комбинации од писта во опција за само една фотографија

28 панакоти од малини за десерт

76 моливи за усни

26 кутии на скапоцен накит

Објавено:
20 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
410 пати