Фустанот со реден број 65 на последната ревија на Шанел во рамките на Неделата на висока мода во Париз, новинарите на Вог го издвоија како еден од фаворитите помеѓу сите тие маестрални, уметнички дела што продефилираа на писта.
Токму затоа, тие направија истражувачка сторија во ателјето на Шанел, со цел да ги дознаат деталите околу неговото креирање.
А деталите се фасцинантни и се конкретен одговор на прашањата, зошто ова се уметнички дела и што значи висока мода.
Креацијата е целосно рачно изработена. Користена е комплицирана техника на рачно составување и украсување на кристали, без траги од игла и шиење.
За изработката на овој совршен фустан биле потребни 600 часа работа, а откако кристалите биле составени, дополнителни 60 часа рачно се составувале и прешивале пердувите што го красат долниот дел на фустанот.
Креацијата е надополнета со широк ремен обложен со слој хром на површината.
Вистинско ремек дело...