Каков е дрес кодот за гостите на кралската венчавка на Меган и Хари?

18 мај 2018

Британската, но и светската јавност е во исчекување на кралската венчавка на Принцот Хари и Меган Маркл, закажана за утре.

Медиумите се преполни со информации за секој детаљ за претстојната церемонија, од лични информации за младенците до тоа кои се официјални правила по протокол.

Она што нас нè заинтригира е какви дрес код правила важат за гостите што ќе присуствуваат на церемонијата.

Со оглед на тоа дека се работи за формален настан, поставени се одредени рамки што ги посочуваат гостите во изборот на облека.

Транспарентна облека, мини здолништа и премногу „откриена кожа" – не се толерираат.


Премногу високи потпетици не се пожелни.


Драматичен, масивен накит исто така не е дозволен. Сепак фокусот треба да биде на Меган.


Она што ги издвојува дрес код правилата за оваа венчавка, во однос на претходните во кралското семејство, е тоа што дамите задолжително треба да носат шапки или други аксесоари на глава. Иако и претходно било пожелно, сепак шапките не биле задолжителни, но сега се поставуваат како приоритет.


Во првиот дел од церемонијата, во текот на денот, мажите задолжително треба да носат костуми, се разбира со уредно средени чевли.

Фото извор: Getty images

 

Објавено:
18 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.658 пати