Каков ентузијазам: Бабичка (91) во карантин си направи модна ревија

12 мај 2020

Бети Мекдоналд е името на 91 годишната бабичка од Џорџија која ги воодушеви сите со својот ентузијазам и младешки дух.

Имено, со оглед на тоа дека спаѓа во критичната група за Ковид-19, таа периодов го поминува во својот дом, но како некој што сака да шета и да се дружи, за „Јаху“, призна дека карантинот прилично ѝ влијаел на расположението.

Затоа одлучила работите да ги преземе во свои раце. По совет на сосетката, Бети одлучила да организира модна ревија во дворот од својата куќа.

Ги извадила своите најдобри комбинации и модни додатоци и приредила вистинско шоу. Нејзината сосетка пак, одлучила тоа да го сподели на „Јутјуб“ и Бети стана вистински хит.

Освен што оваа модна ревија придонела значително за подобрувањето на расположението на Медоналд, таа ревијата му ја посветила на својот сопруг Џон.

Тој починал во 2007 година, а во брак биле 58 години.

„Секогаш сакаше да се дотерува кога одевме  на театар или во клубови за танц, а ова е во негова чест“, вели позитивната бабичка.

Браво за енергијата и позитивноста и на овие години.

Во продолжение погледнете го нејзиното шоу:

 

Објавено:
12 мај 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
390 пати