Каков финансиски бенефит добива Лондон од актуелната модна недела?

13 септември 2013

Од денеска во фокусот на глобалната модна сцена е Модната недела во Лондон, но колку чини овој моден луксуз и задоволството да се биде присутен таму?

 

 

Имено, според информациите на британскиот Телеграф, Лондонската модна недела ќе инкасира неверојатни 100 милиони фунти во британската економија. Неделата која ќе биде во знакот на модата како што веќе е најавено ќе трае пет дена, а својот официјален  старт го означува денеска. Вчера најавивме дел од еминентните дизајнерски имиња кои ќе настапат на Лондонската модна недела со презентирање на своите колекции за сезоната пролет-лето 2014. Нивниот број од официјалните информации кои ги пласираше Телеграф ќе биде 58, број што не е за потценување, ако го земеме в предвид фактот дека на настанот покрај дизајнери, ќе има и стилисти, шминкери, фризери, новинари, блогери, уредници, купувачи, луѓе од целиот свет кои директно или индиректно се дел од модната индустрија.

 

 

Се чини дека освен британскиот финансиски фонд, бенефит ќе имаат и дизајнерите, кои нормално ќе инкасираат добра сума на пари од страна на купувачите кои ќе сакаат да имаат брендирана облека во своите плакари, а исто така корист ќе има и самиот град, со оглед на фактот дека се најавени посетители од целиот свет.

Објавено:
13 септември 2013
Категорија: 
Актуел