Какви бои ќе носиме есенва?

23 август 2021

Модните магазини веќе почнаа со пласирањето на трендовите за следната сезона. Ние оваа модна прогноза ја започнуваме со боите кои ќе доминираат во месеците што ни претстојат.

Првата асоцијација за есента најчесто се кафените тонови и не дека нема да ги има, но воопшто нема да се доминантни.

Ако понудата навистина пласира парчиња во бои кои се посочени како доминантни од различни истражувачки компании, тогаш ќе имаме неверојатно колоритна есен.

Меѓу најдоминантните се зелените тонови. Почнувајќи од светлите нијанси, па се' до смарагните нијанси кои внесуваат доза луксуз.

Ништо помалку нема да бидат актуелни и жолтите тонови - од сончеви, преку сенф нијанси до златни. 

Нам посебно ни се омилени портокаловите нијанси, кои даваат топлина, но и впечатливост, но се радуваме и на виолетовите тонови - од лаванда до кралска виолетова.

Со оглед на тоа дека не се посочуваат само конкретни нијанси, туку целосна палета, ова е одлична можност да си играте со боите и да си ја направите есента повозбудлива, барем кога е модата во прашање.

Во продолжение погледнете кои се' бои ќе доминираат. Имате ли ваш фаворит?

Зелени нијанси

 

Жолти нијанси

 

Беж нијанси

 

Портокалови нијанси

 

Виолетови нијанси

 

Магента нијанси

 

Сини нијанси

 

Црвени нијанси

 

Сребрени/металик нијанси

 

Објавено:
23 август 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.966 пати