Календар за 2014 со модерни миленици
•
30 октомври 2013
Вчера беше националниот ден на мачките, а во нивна чест беше изработен и календар за 2014 година направен од лондонското студио за дизајн „Студио Лин“. Не ретко мачките како миленици се инспирација за дизајнерите, па така и овој пат овие слатки крзнени миленици се облечени во креации по нивна мерка.
Истата компанија планира наскоро да стартува и моден блог за мачки кој ќе го носи името „Cat Club“, а сите посетители на страната ќе можат да дознаат повеќе информации за своите миленици како и да се инспирираат што да им облечат.
Секако, мачките не го прифаќаат моментот да бидат тормозени со облека, затоа ние ве советуваме да не го правите тоа дома со вашите миленици.