Камбек ревија на Галијано во Лондон

11 декември 2014

Британскиот Вог објави дека уникатниот Џон Галијано ќе има камбек на модната сцена и тоа со ревија за Марџела на 12- ти јануари 2015 година, во текот на настанот London Collections: Men, пренесуваат странските медиуми. Во соопштението од Марџела, стои дека ова било одлука на дизајнерот, тргнувајќи од фактот дека токму британската престолнина е местото каде тој поминал година дена и го смета за клучен град, кој му помогнал во градењето на професионален план. По прикажувањето на колекцијата на неделата на Висока мода во Лондон, истата ќе биде прикажана и на модната недела на Висока мода во Париз, која ќе трае од 25-ти до 30-ти јануари, 2015 година.

Ова е голем предизвик за Џон Галијано, кој прв пат ќе се претстави со ревија, по добивањето на отказ од Кристијан Диор, во 2011 година.

 

Објавено:
11 декември 2014
Категорија: 
Актуел