Канон на иднината

15 август 2013

Модерено, шарено , претерано и невообичаено. Ова се придавките со кој се карактеризира едиторијалот кој го изработија Michelle Du Xuan во улога на фотограф и Patrycja Matysiak во улога на дизајнер. Повеќеслојните преклопувања на парчињата облека, изборот на ткаенини со техно дезени, комбиниција на фустани  во тридимензионална футуристичка визија. Сето ова е проследено со внимателен избор на додатоци, шминка, фризура и аксесоари, кои се исто така важен сегмент во креирањето на целосниот изглед. Ентериер придружуван од светлосни зраци кои доаѓаат од проектори и играат мошне важна улога во создавањето на овој футуристички канон. Математички и геометрски совршено пресметано, со крути линии, строги силуети и точни контури на дизајните и моделите. И како цреша на овој футуристички шлаг, референции од 1980-тите кои послужиле како основна инспирација, надополнета со минимализмот и тишината на вселенскиот простор.

 

 

 

„За мене како фотограф беше огромен предизвик. Иако зад себе веќе имам сликано едиторијали за некои од  најреномираните списанија и модни дизајнери (Harper’s Bazaar, Tush, L'Officiel, GQ, Elle), сепак овој проект за мене, чија најголема инспирација ми е апстрактното сликарство е врвот. Вистинско ремек дело, спој на иднината, сегашноста и минатото.“, вели Michelle.

 

Објавено:
15 август 2013
Категорија: 
Актуел