Капсулна колекција на SkopjeCasual

19 октомври 2015

Трите девојки што стојат за модниот блог SkopjeCasual.mk, си ја исполнија долгогодишна желба и создадоа своја капсулна колекција. Секако, кежуал.

Колекцијата се состои од шест парчиња креирани според идеите на блогерките Алексадра Христов, Калина Зографска и Ива Дујак. Во изработката на истата им помогнал тимот на онлајн продавницата Bastet Noir.

Ова е прва колекција на македонскиот пазар комплетно осмислена од блогери, со што девојките сакаат уште еднаш да потенцираат на важноста на блогерите во модната сфера.

„Колекцијата, како и нашиот блог е лежерна, се погриживме парчињата да се соодветни за носење во најразлични комбинации, од утрински/работни обврски до вечерни излегувања“,  велат од Skopje Casual.

Со оглед на тоа дека секоја од нив си носи посебен моден сензибилитет, токму тој е пренесен и на колекцијата. Секое од парчињата го има личниот печат на девојките и нивните стилови.  

„Креиравме парчиња кои ние сакаме да ги носиме, а за жал досега не можевме да ги пронајдеме во Македонија. Со поддршка на Bastet Noir успеавме да го задржиме нашиот препознатлив стил, а сепак да донесеме нешто ново на нашиот пазар“, потенцираат блогерките.

Колекцијата е веќе достапна за продажба, а повеќе информации можете да кликнете и на страната на блогот.

 

Објавено:
19 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.025 пати