Каратистката Наташа Илиевска победи на „Танц со ѕвездите“

25 март 2014

Со победата на каратисктака Наташа Илиевска и нејзиниот партнер, танчарот Даниел Кимовски, заврши и втората сезона од танцовото шоу „Танц со ѕвездите“. Со диманичен танц од најдобрите чекори кои ги научија за време на неколкумесечното тренирање и посветеност на танцот, Наташа и Даниел, како шлаг на финалето со својата енергична и технички прецизна кореографија, збогатена и со многу емоција, заслужено ја добија титулата за најдобри.

Неизвесноста траеше до самиот крај со двобојот на двете финални двојки, а од истиот второпласирана се најде пејачката Сара Мејс и нејзиниот партнер Мишо Спасовски, кои пак изненадија со танц на стара македоснка нумера, кој жири комисијата го искоментира како дело на вистински професионалци кои танцуваат современ умитнички танц.

И двете танцови двокји од жири комисијата добија највисоки оценки, но гласовите од смс прораките од гледачите беа пресудни за победата. Шоуто кое втора сезона го гледаме на првиот канал на Македонската Телевизија, ќе има и свое трето продолжение, како што за крај открија водителите Тони Михајловски и Марјана Станојковска. Fashionel и во двете сезони одблиску ви ја долови атмосферата за време на снимањето, зад сцената, како и многуте танчерски костими специјално изработени од костимографот Раде Василев.

Објавено:
25 март 2014
Категорија: 
Актуел