Кариерата на Долче и Габана прославена преку импресивна изложба во Милано

8 април 2024

Познатото италијанско дизајнерско дуо Долче и Габана доби изложба за својата маркантна работа во светот на модата.

Насловена како From the Heart to the Hands: Dolce&Gabbana, истата беше неодамна отворена во Милано на задоволство на многу нивни следбеници и пошироката јавност.

Двајцата дизајнери се познати по нивната бујна естетика, екстраваганција и луксуз. Нивните креации се честопати контроверзни, смели не криејќи ја нивната наклонетост кон оваа филозофија.

Како што и самите дизајнери велат, името на изложбата доаѓа од тоа што сè започнува од нивните срца и на крај се реализира од нивните раце, па оттаму From the Heart to the Hands.

За Доменико и Стефано инспирацијата е самата италијанска култура, и познатото dolce vita (сладок живот) кон што и двајцата од секогаш се стремеле.

Освен нивните креации од различно време и тематики, изложбата ќе вклучи и визуелни ефекти коишто само ќе ја надополнат.

Повеќе за изложбата во продолжение.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dolce&Gabbana (dolcegabbana)

Објавено:
8 април 2024
Категорија: 
Актуел