Познатиот дизајнер Карл Лагерфелд не престанува да изненадува. Досега го гледавме во видео игри, реклами, но сега ќе го гледаме и како карикатура.
Тифани Купер е француската карикатуристка која ќе ја има честа да ја креира следната капсулна колекција на дизајнерот. Колекцијата ќе вклучува облека и модни додатоци украсени со илустрации од Лагерферд и секако неговата мачка Шупет.
Тифани и Карл
За љубовта на дизајнерот кон овој жанр, а и неговата инволвираност, говори и податокот дека тој на сајтот има посебен дел насловен како Karltoon - галерија која вклучува преку 170 карикатури и стрипови со неговиот лик.
Резултатите од оваа соработка ќе бидат презентирани на 1-ви април, во Колет Париз, а неколку дена потоа, ќе бидат достапни во продавниците на Лагерфелд. Сите љубители на неговиот дизајн се воодушевени од моментот дека ќе имаат можност да го носат неговиот лик на омилените парчиња облека.