Карл Лагерфелд го ангажираше својот телохранител како манекен

26 јуни 2013

Личниот асистент и телоханител на дизајнерот Карл Лагерфелд, Себастиан Џонду е главното лице од рекламната кампања за машка облека есен-зима 2013 на дизајнерот.

 

38 годишниот телохранител е боксерски ентузијаст кој веќе 14 години работи за Лагерфелд. Себастиан не е прв пат пред камерите, тој досега имал и улога како боксер, на филм во кој главната улога ја има актерката Кира Најтли. За својот газда тој изјавил дека е  неверојатен човек за кој има големо почитување.

-Го минувам целото време со него, тој е мој шеф и јас го почитувам многу. Немам лимити кога станува збор за неговата сигурност, така да што и да се случи јас би одел до крај за тој да биде добро и заштитено, изјавил Џонду.

Не е чудно што Лагерфелд за манекен го избрал токму својот телохранител Џонду, зашто неговиот физички изглед покажува негуваност и одлично градено машко тело.

 

Објавено:
26 јуни 2013
Категорија: 
Актуел