Карл Лагерфелд не се појави на ревијата на Шанел бидејќи бил уморен

23 јануари 2019

На крајот на спектакуларното шоу на Шанел, сите во публиката го очекуваа Карл Лагерфелд да се појави и да ги поздрави присутните, но наместо него, излезе креативната директорка Вирџини Вард.

Во изјава за модниот магазин „WWD“, Лагерфелд соопштил дека се чувствувал уморно и затоа ја замолил креативната директорка да го претставува на ревијата и да ги поздрави гостите заедно со „невестата“.

Така и се случи. Вирџини им се поклони на присутните заедно со манекенката Виториа Черети која носеше светкав костим за капење и раскошна капа со долг вел.

„Вирџини Вард како креативен директор и Ерик Фрундер ќе продолжат да работат со Карл и ќе го следат во изработката на сите колекции и кампањи“, соопштија од модната куќа за магазинот.

Карл и Вирџини на минатогодишната ревија

Откако заврши ревијата, луѓето од организацијата на модната недела соопштија дека господинот Лагерфелд ќе се појави на второто прикажување подоцна во денот, но тоа не се случи, а оттаму му посакаа побрзо закрепнување без да соопштат други детали.

Сосема очекувано, брендот уште еднаш ја претвори The Grand Palais во раскошно дело, овојпат во медитеранската вила во која тој често сакал да летува, а колекцијата беше и повеќе од фантастична, благодарение на неговите неповторливи изработки на моделите.

Инфо: Harpers Bazaar, WWD

Фото: Harpers Bazaar, WWD

Објавено:
23 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
321 пати