Карл Лагерфелд отвора концептуална продавница во Лондон

29 ноември 2013

Следната година Карл Лагерфелд во Лондон ќе ја отвори најголемата европска концептуална продавница, која ќе се наоѓа меѓу славни „соседи“, односно продавниците на Барбери, Брукс Брадерс и многу други. Како и на локациите во Париз, Берлин, Амстердам, така и во лондонската продавница ќе биде изложена женска и машка облека, модни додатоци, како и други дизајнерски предмети од славниот дизајнер.

 

Ентериерот ќе биде ист како и во останатите продажни места, црно-бела боја со мат и сјајни детали и огледала. Секој клиент внатре ќе добие iPad преку кој ќе ги прегледува колекциите и на едноставен начин ќе избере што сака, а за сите оние што ќе сакаат да го споделат на социјалните мрежи својот нов изглед, ќе можат да се фотографираат во специјално поставените фото кабини.

 

 

Објавено:
29 ноември 2013
Категорија: 
Актуел