Карл Лагерфелд отвора синџир хотели

18 октомври 2016

Познатиот дизајнер вчера соопшти дека неговиот следен професионален чекор ќе биде лансирањето на сопствен синџир хотели.

Првиот хотел ќе биде изграден во 2018 година во партнерство со „Brandmark Collective BV“. Инаку, Лагерфелд учествуваше и во создавањето на Lisboa Palace Complex во Макау, кој треба да биде отворен следната година.

Ова не е прва ваква соработка на дизајнерот, кој бил задолжен и за уредувањето на дел од  луксузниот апартмани во „Le Crillon“ во Париз, како и „Mertopole“ во Монако.

Но, новиот бизнис ќе опфаќа негова компанија во дизајнирањето и уредувањето  на целите хотели. Со ова, Лагерфелд го следи примерот на „Армани“, „Версаче“, „Булгари“.

Инаку, дизајнерот го уредуваше и „Lisboa Palace Complex“ во Макау е единственото место во Кина каде коцкањето е легално и вклучува казина, ресторани и многу хотели, меѓу кои и Versace Palace.

Објавено:
18 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
213 пати