Карли Клос во Vogue (јули 2013)
Познатата манекенка не се срами да го покаже своето тело во модни едиторији за Vogue, а и со такво тело зошто би се срамела? Карли Клос и во последниот едиторијал за јулскиот број на американски Vogue се соблече гола, а фотографиите што си направи Марио Тестино го дополнуваат тексот за клиниката Вива Мавр во Австрија.
Карли фотограрирана од Марио Тестино
Секогаш кога ќе се разголи, Клос отвора некоја контроверза. Кога се фотографираше за списанието Numero ѝ најдоа замерка дека е толку многу слаба што ребрата ѝ се бројат (списанието беше обвинето дека всушност нејзините ребра се фотошопирани за да изгледаат помалку очигледни), а едиторијалот за италијански Vogue предизвика дебата за анорексија.
Numero (септември 2012)
Италијански Vogue (декември 2011)