Среќен роденден Каролина! Модните комбинации на пејачката

28 април 2021

Најангелскиот глас на македонската сцена денес полни 41 година. Грациозна, неверојатно женствена и секогаш соодветно стилизирана, македонската пејачка Каролина Гочева е една од дамите на сцената чии модни избори вреди да се дискутираат.

Со витката фигура, во коктел фустани и тоалети на сцената изгледа како вистинска дама, а според модните избори кои ги прави надвор од сцената, може да се заклучи дека Каролина ги сака трендовите, но го претпочита минималистичкиот стил и удобноста. 

Не се плаши од боите, но се придржува до класичните парчиња како добри фармерки и бела кошула, тренч, класичен црн фустан или одело.

Иако искуството, самодовербата и животот го исцртуваат нејзиниот стил во едни посериозни бои, во погледот и насмевката, сè уште може да се забележи духот на она мало девојче од Битола. 

Објавено:
28 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.943 пати