Кастинг за нови лица на Моделс Ин

5 февруари 2016

Mодната агенција „Моделс ИН", на 6-ти февруари (сабота) во ноќниот клуб "Станица 26" во периодот од 13-15 часот, ќе одржи уште еден од редовните кастинзи за нови лица.

Кандидатите пред се треба да ги исполнуваат следниве услови:

Пропорции за девојки:
Висина од 172cm до 180cm
Пропорции за момчиња:
Висина од 182cm до 190 cm

„Моделс ИН" е основана од страна на двете водечки имиња во македонската модна индустрија, Надица Георгиева и Алек Наумовски во ноември, 2000 година.

Целта на агенцијата е едукација на деца и млади во областа на модата и стилот на животот во културата, а исто така им се нуди можност и за реализација на меѓународна модна кариера.

Агенцијата соработува со најдобрите македонски стилисти, фотографи, режисери и дизајнери, со што моделите имаат можност да бидат дел од професионални модни настани.

Два пати годишно модната агенција организира кастинзи за нови лица, за сите кои се заинтерсирани да бидат дел од професионалниот моден свет.

 

 

Објавено:
5 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.353 пати