Катарина Ивановска отвора хуманитарна фондација

16 април 2014

Македонската манекенка со светска кариера Катарина Ивановска основа хуманитарно здружение под називот „Катарина Ивановска Фондација“.

Здружението, својата работа ќе ја насочи кон помош при лекување на деца од социјално загрозени семејства.

По примерот на светските ѕвезди, младата и успешна Катарина, дел од своето време и пасијата кон филантропијата ги преточи во формирање токму на своја сопствена фондација преку која ќе може да им помогне на сите дечиња на кои им треба помош.

Повеќе детали за фондацијата и како истата ќе функционира, шармантната манекенка ќе соопшти во текот на утрешниот ден на закажаната прес конференција.

Во однос на манекенските ангажмани, последното нешто со што Катарина уште еднаш докажа дека е ултра успешна во светски рамки, беше каталогот за новата колекција на костими за капење на француската модна куќа Pain de Sucre.

Објавено:
16 април 2014
Категорија: 
Актуел