Кавали го продава својот бренд?

25 март 2014

Откако во 2009 година се шпекулираше дека Роберто Кавали го продава својот луксузен бренд, па набрзо се отфрли како неточно, деновиве повторно се актуелизира состојбата на познатата италијанска модна куќа и се шират гласини дека сепак 80% од акциите одат на продажба.

Роберто Кавали Роберто Кавали

Како најсериозен заинтересиран купувач се посочува компанијата Premira која ги поседува познатите брендови Hugo Boss и  New Look.

Меѓутоа, официјалните лица на Кавали за сега се огласија со информацијата дека се останува на шпекулации.

Еден од најобожаваните светски дизајнери, Роберо Кавали кој е роден во Фиренца, го основаше својот бренд во 1970, додека неговата втора линија Just Cavalli беше лансирана 20 години подоцна.

Модел од новата колекција за сезоната есен-зима 2014 Модел од новата колекција за сезоната есен-зима 2014

 

 

Објавено:
25 март 2014
Категорија: 
Актуел