Кејт Мидлтон во лежерен цветен фустан што ќе ви послужи како супер стилска инспирација

29 јуни 2020

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, за време на пандемијата обврските ги извршуваше од својата канцеларија. Но, од неодамна службените должности повторно почна да ги спроведува на „терен", надвор од својот дом, а на една таква работна средба деновиве беше фотографирана во стајлинг што ќе ви послужи како одлична стилска инспирација.

Аутфитот истовремено е и женствен и лежерен, што со оглед на овие високи, летни температури сметаме дека е вистински погодок.

Комбинацијата ја сочинува прекрасен цветен фустан од релативно младата модна етикета Faithfull the Brand (основана 2012 година), надополнет со удобни еспадрили.

Женствен фустан и еспадрили, звучи како идеална летна стилска формула, ќе се согласите?


Фото: Инстаграм

Објавено:
29 јуни 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.002 пати
Тагови: 
Кејт Мидлтон