Кејт Бланшет: Со мојот прв хонорар си купив Армани костим!

13 декември 2013

Прекрасната Кејт Бланшет неодамна потпиша договор вреден 10 милиони долари со Армани за промовирање на нивните парфеми, а таа вели дека нејзината врска со брендот е многу подлабока од хонорарот.

Од модната куќа изјавија дека актерката е вистинската жена што на единствен начин може да ја олицетвори жената за која се создадени парфемите.

Во изјава за Ел Канада, Кејт посочи дека врската дефинитивно е взаемна.

„Кога го добив мојот прв хонорар во животот, си купив Армани костим, којшто се уште го имам и се уште обожавам да го носам“, вели 44 – годишната актерка.

Во интервјуто таа додава и дека во животот најдраги и се секојдневните, сосема обични работи.

„Ја обожавам едноставноста на работите како прошетка на кучето, готвење, ручек со семејството...“, вели Кејт.

А и како да не ги сака прошетките со кучето, кога тоа го прави во винтиџ Армани?

Објавено:
13 декември 2013
Категорија: 
Актуел