Кејт Хадсон е божицата во новиот календар на Кампари

24 ноември 2015

„Горко или слатко" кој е вашиот вкус? – е прашањето што Кампари го поставува во новата кампања за ексклузивниот календар за 2016 година, што беше промовиран неодамна во Њујорк под мотото „The BitterSweet Campaign".

Овогодинешната ѕвезда на кампањата е познатата актерка Кејт Хадсон која на себе носи луксузни креации во препознатливата црвена боја, како заштитна боја на брендот.

На 13-те фотографии зад кои се потпиша фотографот Микеланџело ди Батиста, Хадсон е претставена како две различни личности – метафора на вкусовите на коктелите, горко и слатко.

Познато е дека овој ексклузивен календар секоја година излегува во 9.999 примероци, но не е достапен во продажба, туку им се поклонува исклучително на пријателите на Кампари.

 

 

Објавено:
24 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.570 пати